ЗАВРШЕТЕ ЈА РАБОТАТА ПОБРЗО, ПОБЕЗБЕДНО И ПОДОБРО СО ТЕРМАЛИФТ.

Контактирајте нè

ТЕРМАЛИФТ ДД

Дозволете ни да ви помогнеме да си ја завршите работата побрзо, подобро и побезбедно!

Благодарејки на саморазвиениот специфичен процес на репарација на вилушкари, при што се зголемува животниот век и квалитетот на истите, Термалифт станува лидер на пазарот за репарирани вилушкари.

Од 2014 Термалифт ДД станува Ексклузивен Независен Дистрибутер на ТОЈОТА вилушкари за Македонија, Албанија и Косово и за 2 години достигнува 50% учество на пазарот на нови вилушкари!

Обезбедуваме целосен асортиман на вилушкари и опрема за складирање и работа на височина како што се рачни палетари (онлајн продавница), вилушкари, платформи и телескопски вилушкари, како и можноста за изнајмување на истите на краткорочен или долгорочен план.

Исто така ги нудиме и следниве услуги и производи сервис на вилушкари, оригинални резервни делови, репарацја на батерии, приклучоци за вилушкари, гуми и додатна опрема.

Повеќе

ПРОИЗВОДИ

ВИЛУШКАРИ

Располагаме со лагер од околу 350 различни видови вилушкари.

Прегледај

РАЧНИ ВИЛУШКАРИ

Специфичните рачни вилушкари се дел од нашата понуда.

Прегледај

ПОДВИЖНИ ПЛАТФОРМИ

Погледнете ја нашата понуда на подвижни платформи.

Прегледај

ТЕЛЕСКОПСКИ ВИЛУШКАРИ

Погледнете ја нашата понуда на телескопски вилушкари.

Прегледај

КОНФИГУРАТОР

Најди го твојот вилушкар.

Започни

НОВИ ВИЛУШКАРИ

Пронајдете нови вилушкари за вашите потреби од нашата понуда.

Од лагер Нарачка

РЕПАРИРАНИ ВИЛУШКАРИ

Пребарајте репарирани вилушкари за вашите потреби користејќи напреден филтер.

Пребарај

ПЛАТФОРМИ

Пребарајте платформи за вашите потреби користејќи напреден филтер.

Пребарај

НАШИТЕ УСЛУГИ

СЕРВИС

Термалифт ДД располага со сервис составен од високостручни кадри и специјализирани возила за сервис или тековно одржување.

Повеќе детали

ИЗНАЈМУВАЊЕ

Термалифт ДД врши изнајмување на вилушкари на своите клиенти, со цел да им овозможи остварување на нивните потреби.

Повеќе детали

РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

Во Термалифт ДД работи и секторот за резервни делови со сопствен магацин, кој ефикасно и брзо ги опслужува клиентите.

Повеќе детали

КОМПЛЕТНИ СОЛУЦИИ

Термалифт нуди комплетни и високо квалитетни солуции кои се ориентирани кон клиентите и нивните потреби и барања.

Побарајте понуда

РЕГАЛНИ РЕШЕНИЈА

Од сега во Термалифт можете да добиете комплетна понуда за складирање на палети и продукти во вашиот магацински простор.

Повеќе детали

ЗАШТИТА ВО МАГАЦИН

Заштитете го вашиот објект, машини и вашата стока и продукти со заштитници за магацини од Boplan со најдобри можни понуди.

Повеќе детали

МАШИНИ ЗА ЧИСТЕЊЕ

Не оставајте валканиот под да ви претставува проблем во вашето секојдневно работење, одржувајте ја хигиената на високо ниво.

Повеќе детали

ЛИФТОВИ

Комплетни решенија за хоризонтален транспорт за во станбени, деловни и приватни објекти. Лифтови, товарни платформи, ескалатори...

Повеќе детали

ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ НА ТЕРМАЛИФТ Е-БИЛТЕН!

Прашања и одговори?

Што може да добијам од Термалифт на едно место?

Во Термалифт може да добиете опрема, советување и поддршка за целосна магацинска и индустриска работа. Тоа вклучува нови и репарирани вилушкари, рачни и електрични палетари, стакери, подвижни платформи, телескопски вилушкари, машини за чистење подови, регални решенија, рампи за товарење, резервни делови, гуми, батерии, полначи и сервис. За брз преглед почнете од производи, сервис, изнајмување или резервни делови.

Како најбрзо да добијам препорака за соодветна опрема?

Најбрзо ќе добиете точна препорака ако ни испратите што пренесувате, колкава тежина има товарот, на која висина се крева, дали работите внатре или надвор и колку часа дневно се користи опремата. Ако имате фотографии од магацинот, палетите или постоечката машина, испратете ги и нив. За продажба на вилушкари, платформи и машини за чистење јавете се на +389 78 426 259 или користете контакт.

За какви компании е најсоодветна понудата на Термалифт?

Понудата е наменета за компании што секојдневно пренесуваат, складираат, товараат или одржуваат простор: магацини, логистички центри, производство, трговија, градежни компании, земјоделски капацитети, прехранбена индустрија, фармација и сервиси. Разликата е во тоа што решението не се избира само според цена, туку според работата што треба да ја заврши. За магацинска опрема погледнете електрични магацински вилушкари, а за работа на висина подвижни платформи.

Каква поддршка добивам по купување или изнајмување?

По купување или изнајмување добивате поддршка според типот на машината, договорот и потребата: редовно одржување, сервисна проверка, резервни делови, гуми, батерии, полначи и технички совет. Ова е важно затоа што индустриската опрема не е само набавка, туку алатка што мора да остане во работа. За сервис и рента јавете се на +389 75 362 911, а за делови и гуми на +389 78 426 258.

Каде се наоѓа Термалифт и како да стапам во контакт?

Термалифт се наоѓа во Куманово, со продажна, сервисна и магацинска поддршка за клиенти од Македонија и регионот. Најдобро е прво да се јавите или да испратите порака, особено ако доаѓате за конкретна машина, дел или гума, бидејќи достапноста може да се промени. За сите контакти, броеви по сектори и насоки за испраќање барање користете ја страницата контакт.

ПРОЦЕС НА РЕПАРАЦИЈА

ГАРАНЦИЈА 6 МЕСЕЦИ / 400 РАБОТНИ СААТИ

Прием Контрола
Репарација Контрола
Лимарија и фарбање Контрола
Изложбен салон Контрола
Испорака

БРЕНДОВИ

Toyota
Mitsubishi
Komatsu
Nissan
TCM
Linde
Caterpillar
BT
Shinko
Sumitomo-Yale
Baumann
Genie
JLG
Skyjack
HAKO
UniCarriers Nissan