Долгогодишното искуство со машини за ракување со товар ни овозможи да го запознаеме целосниот процес и потребите во областа на складирање на палети. Една од клучните почетни станици за складирање на производи секако е магацинскиот простор.
Искуството од клиенти доведе до можноста да направиме чекор напред и да ги прошириме нашите услуги и надвор од рамките на подвижни машини.
Новата услуга што ја нудиме е инсталација на регални системи која ќе ни овозможи да ви дадеме комплетно решение за вашиот процес на работа и складирање на производите.
Притоа за решението да биде комплетно ви даваме комплетен избор и за оптимално ракување со вашиот товар и палетизирана роба. Со голем избор на контратег моторни вилушкари и магацински вилушкари како што се: регални вилушкари, стакери и палетари кои се вклучен дел од работата во магацинот, ви доставуваме се што треба да започнете со работа во магацинот.
➡ НОВО! Регални решенија од TOYOTA!
Тајната алатка за зголемување на ефикасноста и профитот на складиштето. Toyota Racking е доверлив избор на водечките магацински оператори ширум светот.
Со иновативни решенија за складирање заедно со Toyota вилушкари, можете да ја подобрите ефикасноста на вашиот магацин, да ги намалите трошоците и да го зголемите вашиот профит на долг рок.
> Погледајте го каталогот со детални информации за регални системи
5 години гаранција на сите регални решенија!
Цената на регален систем зависи од типот, висината, носивоста по ниво и бројот на палетни места. Нудиме палетни регали, регали со влегување внатре за висока густина на складирање, конзолни регали за долги предмети и мезанин системи за дополнително ниво. За точна пресметка потребни се мерките на магацинот, висината на вилушкарот и тежината на најтешките палети. За регални решенија јавете се на +389 76 212 112.
Да. Типот на вилушкар го одредува минималниот ходник помеѓу регалите. Стандарден контратег вилушкар бара поголем ходник, додека регален вилушкар за тесни ходници може да работи во значително помал простор. Правилната комбинација на регали, вилушкар и заштита го зголемува складишниот капацитет и ја намалува можноста за оштетувања. Поврзано: електрични магацински вилушкари.
Да. Термалифт нуди советување, дизајн на распоредот, испорака и монтажа на регални системи. Правилниот распоред, во комбинација со соодветен вилушкар, може значително да го зголеми складишниот капацитет без проширување на објектот. За почетна проценка испратете димензии на магацинот, висина, тип на палети, фотографии и информација со каква машина ќе се работи во ходниците. За регални решенија јавете се на +389 76 212 112.
Носивоста по ниво треба да одговара на максималната тежина на палетата плус безбедносна маргина. Стандардни палетни регали можат да носат различни тежини според конструкцијата, но секогаш мора да се почитува номиналната носивост. Преоптоварувањето на регали е честа причина за несреќи во магацин. При нарачка наведете ја тежината на најтешките палети и типот на производи.
Потребни се димензии на магацинот, висина до плафон, позиции на врати и столбови, тип и тежина на палети, број палетни места, проток на роба и ширина на ходници. Ако веќе имате вилушкар или планирате нов, и тоа мора да се земе предвид. Регалите и машината мора да работат заедно, инаку просторот нема да биде ефикасен.
ГАРАНЦИЈА 6 МЕСЕЦИ / 400 РАБОТНИ СААТИ